logo
logo
logo

Европа светски лидер во производство на вакцини кон крајот на 2021 година

Vecer | 26.03.2021

Европа светски лидер во производство на вакцини кон крајот на 2021 година


До крајот на годината Европа треба да стане светски лидер во производство на вакцини против коронавирус со 52 фабрики на континентот, изјави денеска комесарот за внатрешен пазар на Европската Унија, Тиери Бретон, во Шпанија.

Бретон исто така рече дека Европа треба да има доволен број вакцинирани лица во текот на летото, веројатно до средината на јули, со цел да се постигне нивото на глобален имунитет, пренесува „Ројтерс“.

До крајот на годината Европа треба да има капацитет да произведе помеѓу две и три милијарди дози, рече комесарот во фабриката на фармацевтската компанија „Риг Џофре“ во Барселона, која од вториот квартал ќе започне со производство на вакцина против коронавирус на компанијата „Џонсон и Џонсон“ .


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk