logo
logo
logo

ЕВРОПА ПОМАЛКУ ТРОШИ: Помалку пари за облека и туризам, повеќе за сметки

Vecer | 25.05.2021

ЕВРОПА ПОМАЛКУ ТРОШИ: Помалку пари за облека и туризам, повеќе за сметки

Германците помалку трошат за време на пандемијата што може да создаде економски проблем, бидејќи банките одбиваат штедачи, поради акумулација на пари, а граѓаните, дури и ако сакаат - немаат каде да потрошат.

Од друга страна, штедењето е добредојдено за многумина, бидејќи е време на криза. Овој феномен донекаде ја следи цела Европа. Денес Централното биро за статистика на Италија, според извештајот на агенцијата АГИ, објави дека потрошувачката во земјата во 2020 година е помала за 123 милијарди евра.

Главната причина за тој пад е, се разбира, пандемијата. Во просек, секое италијанско семејство потрошило 5000 евра помалку отколку во претходните години. Но, не само што ги задржале своите пари, туку и заработиле помалку.

Тие исто така ги намалиле трошоците поврзани со патување, хотелско сместување, спорт, рекреација. Помалку пари се потрошени и на здравје, иако сегашната криза е првенствено е здравствена. За тие цели, потрошени се 2,4 милијарди евра помалку отколку во 2019 година, додека за облека и обувки 13 милијарди евра помалку од вообичаеното.

И таму преовладуваше масовна работа од дома и затоа се зголемија трошоците за електрична енергија, вода и мобилни телефони, а повеќе се потроши на набавка на компјутери и други уреди - неопходни за работа од дома.

Според проценките на Бирото, намалувањето на потрошувачката, што сочинува 60 проценти од бруто домашниот производ, ќе има влијание врз целата економија на земјата, не само во оваа, туку и во наредните години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk