logo
logo
logo

Еврејски деца биле исфрлени од авион во Шпанија- пееле песна на хебрејски (ВИДЕО)

Vecer | 24.07.2025

Еврејски деца биле исфрлени од авион во Шпанија- пееле песна на хебрејски (ВИДЕО)

Инцидентот се случил на лет од Валенсија до Париз, а видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат како полицајци симнуваат околу 50 деца и водичот од авионот, објави „Телеграф“.

Министерот за дијаспора и антисемитизам на Израел, Амихај Чикли, тврди дека инцидентот се случил затоа што деца на возраст меѓу 10 и 15 години пееле на хебрејски. „Уапсена е менаџерката на кампот, што го сметаме за сериозен антисемитски инцидент“, рече Чикли. Децата, сите од Франција, сè уште се заглавени во Валенсија, а родителите истакнуваат дека многу од децата носеле религиозни симболи, како што се привезоци со Давидова ѕвезда.

Авиокомпанија: Безбедносни причини за слетување

„Вуелинг“ објави еден ден подоцна дека тинејџерите неправилно ракувале со безбедносната опрема и ги игнорирале упатствата на екипажот за време на безбедносната демонстрација. „Мерките се преземени исклучиво од безбедносни причини и немаат никаква врска со религијата на патниците“, рекоа тие.

Екипажот, ја повикал Цивилната гарда бидејќи групата „претставувала безбедносен ризик“, по што полицијата одлучила да ја симне целата група. Конфликтот со властите дополнително ескалирал на терминалот, а едно лице било уапсено.

Родителите се бесни на постапките на полицијата и авиокомпанијата. Мајката на Карина Лами изјави за i24NEWS: „Стјуардесите се заканија: „Ако продолжите, ќе повикаме полиција“, откако детето пееше на хебрејски“. Момчето веднаш престана, но полицајците набрзо дојдоа до авионот и наредија слетување.

Судир со полицијата и апсењето на наставничката

Според сведочењето на родителите, по слегувањето, полицијата ги замолила децата да ги стават мобилните телефони на подот за да ги проверат снимките. Кога наставничката се обидела да ги предупреди за незаконитоста на постапките, полицијата ја соборила на земја и ѝ ставиле лисици. Таа била уапсена, додека децата останале со другите водичи и им било забрането повторно да се качат на авионот.

Родителите тврдат дека причината за забраната била бучавата од пеењето, а децата и водителите сега се заробени на аеродромот без понудени алтернативи за враќање.

„Вуелинг ги напушти, а 21-годишна девојка е во лисици поради детска песна. Се враќаме во најтемните денови од Втората светска војна. Не можеме ни да ги замислиме психолошките ефекти врз нашите деца“, рече Лами.

Расте загриженоста за антисемитизмот во Европа

Овој инцидент во Шпанија доаѓа во контекст на неодамнешните напади врз израелски туристи во Грција. Демонстрантите неодамна спречија израелски крузер да се закотви на островот Сирос, додека на Родос наводно биле нападнати со ножеви израелски тинејџери по вербална конфронтација со пропалестински демонстранти. „Антисемитизмот и секоја форма на фашизам и расизам нема да бидат толерирани во Грција“, рече портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис и ги осуди настаните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk