logo
logo
logo

ЕУ: Земјите членки утре ќе решаваат за европскиот одговор на американските царини

Vecer | 08.04.2025

ЕУ: Земјите членки утре ќе решаваат за европскиот одговор на американските царини

 Земјите членки на Европската Унија утре треба да се изјаснат за предлогот на Европската комисија за реципрочни мерки на ЕУ на царините за челик и алуминиум воведени од страна на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, информира денеска портпаролот на ЕК за економска безбедност, трговија, финансиски услуги и царини Олоф Гил.  

- Ако ни дадат мандатот за тие контрамерки, очекувам да бидат објавени на почетокот на следната недела, истакна Гил. 

Тој најави дека како втора фаза на европскиот одговор, Европската комисија следната недела ќе претстави и план за реакција на американските царини на автомобилите и контрамерките воведени од САД

- Тоа ќе оди на истиот начин како што направивме и со челикот и алуминиумот. Прво го објаснивме патоказот, потоа ги консултиравме земјите членки и се консултиравме со индустријата пред да излеземе со конечните мерки, што потоа им ги предлагаме на земјите членки за усвојување, додаде Гил. 

Според него, можеби оваа постапка е „малку збунувачка“, но Еврокомисијата работи според правила, кои понекогаш се прилично бирократски структурирани, но тоа е начинот на кој функционира ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk