logo
logo
logo

Рубио нема да присуствува на мировните преговори за Украина во Лондон, соопшти Белата куќа

Vecer | 23.04.2025

Рубио нема да присуствува на мировните преговори за Украина во Лондон, соопшти Белата куќа

Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, рече дека Рубио бил зафатен, пренесе ДПА.

-Во конкретниов случај, тој нема да присуствува на состаноците во Лондон, рече таа на брифинг за медиумите, додавајќи дека „ова не е изјава за средбите, туку е изјава за логистички прашања во неговиот распоред“.

Брус додаде дека на состанокот ќе присуствува американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.

-Со нетрпение очекуваме да слушнеме од него за тоа дали сме имале или не некој успех во Лондон, рече таа.

Домаќин на состанокот ќе биде британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, потсетува германската агенција.

Оваа втора средба во ист формат доаѓа по рундата разговори во Париз минатата недела, на кои Рубио и американскиот специјален пратеник Стив Виткоф се сретнаа со европски политичари, вклучително и украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.

Остана нејасно дали Виткоф ќе присуствува и на состанокот во Лондон, пренесува ДПА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk