logo
logo
logo

ЕУ, САД и НАТО ја ОСУДИЈА РУСКАТА АНЕКСИЈА на четири украински региони

Vecer | 30.09.2022

ЕУ, САД и НАТО ја ОСУДИЈА РУСКАТА АНЕКСИЈА на четири украински региони

Западните земји одговорија со лавина осуди на денешната одлука на Русија за анексија на четири украински региони, а Европската унија најави дека никогаш нема да ги признае незаконските референдуми организирани од Москва „како изговор за натамошно кршење на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.

„Да не се залажуваме, овие постапки немаат легитимитет“, рече американскиот претседател Џозеф Бајден во Вашингтон.

https://vecer.mk/svet/bajden-reagirashe-na-potegot-na-putin-stavot-na-amerika-e-jasen/

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги нарече денешните активности на Русија „најголем обид за припојување на некоја европска територија насилно од Втората светска војна“.

Според него, војната во Украина, која започна со руската инвазија на таа земја на 24 февруари 2022 година, е „во клучна точка“, а денешната одлука на рускиот претседател Владимир Путин за анексија на регионите Запорожје, Херсон, Доњецк и Луганск претставува „најсериозна ескалација од почетокот на војната“.

Русија сега тврди дека има суверенитет над 15 отсто од територијата што според меѓународното право и припаѓа на Украина.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска потпиша документ со кој бара пристапување на неговата земја во НАТО алијансата „по забрзана процедура“, но Столтенберг во својот говор не покажа дека НАТО е обврзан со тоа, туку изјави дека Алијансата „поддржува правото на Украина да го избере својот пат, да одлучи во каков безбедносен аранжман сака да биде“.

Членството во НАТО е предмет на консензус на 30 земји-членки, така што не е јасно какви се последиците од барањето на Зеленски, но западните испораки на оружје за Украина веќе ја доближија земјата до орбитата на Северноатлантската алијанса.

Зеленски ги отфрли денешните предупредувања на Владимир Путин до Украина да не се обидува да го врати изгубеното и рече дека целата територија на неговата земја „ќе биде ослободена од овој непријател, а Русија го знае тоа и ја чувствува“ нивната моќ.

САД денеска воведоа нови санкции против Русија кои вклучуваат повеќе од 1.000 компании и поединци поврзани со руската инвазија на Украина. Санкциите се однесуваат и на гувернерот на Централната банка на Русија.

Свеченото потпишување на документите за припојување на украинските региони кон Русија следеше три дена по завршувањето на референдумите организирани од Москва во тие региони.

Киев и западните земји ги отфрлија овие референдуми како голо територијално зграпчување засновано на лаги, спроведено под вооружена принуда.

Фото: профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk