logo
logo
logo

ЕУ постигна договор со компаниите Фајзер/Бионтек за набавка на 200 милиони вакцини

Vecer | 17.02.2021

ЕУ постигна договор со компаниите Фајзер/Бионтек за набавка на 200 милиони вакцини


По проблемите со фармацевтската компанија „Астра Зенека“, од Брисел е објавено дека склучиле договор со компанијата Фајзер/Бионтек за набавка на вакцини против Ковид-19.

Компанијата денеска објави дека е постигнат договор со ЕУ за снабдување на блокот со дополнителни 200 милиони дози вакцини. Според соопштението пренесено од светските медиуми, вакцините треба да бидат доставени во текот на 2021 година, со тоа што 75 милиони ќе пристигнат во вториот квартал од оваа година.

ЕУ претходно купи 300 милиони дози вакцини произведени од другите две фармацевтски компании. Најголемиот проблем се појави со вакцините на „АстраЗенек“, поради што се крена многу прашина и префрлување на вината од една на друга страна.

Кога се случи ЕУ да дојде пред колапс во врска со вакцинацијата на населението, бидејќи вакцината едноставно не постоеше затоа што не беше доставена според договорената количина, пристигна понудата на рускиот производител на вакцината „спутник В“, кој ѝ понуди на ЕУ сто милиони дози од таа вакцина.

Понудата беше одбиена, а Европската комисија соопшти дека руската вакцина не припаѓа на нивната стратегија за борба против коронавирусот. Сепак, на земјите-членки им останува малку простор да набават вакцини, според нивните потреби, од оние производители кои не се одобрени од ЕК.

Така, Унгарија, како што рече тамошниот премиер, Виктор Орбан, набави руски и кинески вакцини, а Хрватска полека се свртува кон Русија.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk