logo
logo
logo

ЕУ го одложи воведувањето електронска пасошка контрола за влез и излез

Vecer | 11.10.2024

ЕУ го одложи воведувањето електронска пасошка контрола за влез и излез

Причината за одлагањето е што Германија Франција и Холандија се изјасниле дека нивните компјутерски системи на границата се уште не се подготвени да бидат ставени во функција, изјави Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон. Таа рече дека нема нов датум за воведување на новиот систем, но дека се разгледува можноста за етапно воведување.

-Јасно е дека ова нема да биде 10-ти ноември, бидејќи како што рече министерот Пинтер три земји-членки неодамна изјавија дека не се подготвени. // Значи она што го дискутиравме денес е можноста за фазно воведување, со чекор по чекор влегување во системот, а не голем удар на сите гранични премини во исто време.- Илва Јохансон - Еврокомесарката за внатрешни работи  

Системот за проверка првично требаше да започне со работа во 2022 година, но се соочи со низа одложувања. Беше презакажан за мај 2023 година, а потоа и за крајот на 2023 година, пред да се одреди датумот за ноември годинава.

Овој систем предидува сите патници кои влегуваат во ЕУ а не се од земјите членкли, да дадат отпечатоци и прстите и да им се фотографира лицето со кој ќе се  создаде дигитален запис кој го поврзува патниот документ со биометриските отчитувања кои го потврдуваат идентитетот на лицето. По оваа процедура, ќе следи и системот ЕТИАС, кога ќе треба да се обезбеди дозвола за патување. Таа ќе важи три години и ќе чини седум евра. Оваа мерка има за цел да им го отежне влезот на нелегалните мигранти или терористите во ЕУ со лажни пасоши.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk