Владата на балтичката република одлучи да и обезбеди на Украина различни видови муниција, униформи, уреди за надзор и заштитна опрема, соопшти Министерството.
Не се дадени повеќе детали за обемот или вредноста на пакетот помош од Естонија, која е членка на НАТО и на Европската унија.
Пакетот е составен од резервите, земајќи ги предвид потребите на Украина, без да се загрозат одбранбените способности на Естонија, соопшти Министерството.
-Наскоро ќе поминат 1.000 дена во кои Украина успеа да ја одбрани својата слобода од моќниот агресор, изјави естонскиот министер за одбрана Хано Певкур. На Украина сè уште и е потребна помош од Естонија и слободниот свет за да се заштити.
Украина се бори против целосната инвазија на Русија повеќе од две и пол години со помош на Западот.
Естонија, која граничи со Русија, е еден од најверните поддржувачи на Украина. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата