logo
logo
logo

Ескалираа судирите во главниот град на Судан, откако заврши примирјето

Vecer | 04.06.2023

Ескалираа судирите во главниот град на Судан, откако заврши примирјето

Очевидци изјавија дека воен авион се урнал во Омдурман, еден од трите градови кои го сочинуваат главниот град.

Војската, која користи борбени авиони за цели на паравоените сили за брза поддршка (РСФ) распространети низ главниот град, веднаш не ја коментираа ескалацијата на насилството. Конфликтот започна на 15 април и предизвика голема хуманитарна криза.

Саудиска Арабија и САД рекоа дека сè уште се во секојдневни разговори со армијата и делегациите на РСФ, кои останаа во Џеда и покрај разговорите за продолжување на прекинот на огнот кои беа блокирани минатата недела.

„Овие разговори се фокусирани на олеснување на хуманитарната помош и постигнување договор за идните чекори што треба да ги преземат страните пред да продолжат разговорите во Џеда“, се вели во заедничката изјава на двете земји.

Договорот за прекин на огнот стапи на сила на 22 мај и истече синоќа. Тоа доведе до намалување на интензитетот на борбите и ограничен пристап до хуманитарна помош, но постојано беше прекршуван, исто како и претходните договори. Борби биле регистрирани денеска во централните и јужните делови на Картум и во Бахри, преку Синиот Нил на север.

„Во јужниот дел на Картум живееме во страв од бомбардирања, звук на противвоздушно оружје и губење на електрична енергија. Се наоѓаме во вистински пекол“, изјави 34-годишната Сара Хасан.

Смртоносни борби се воделе и на крајниот запад на земјата, во провинцијата Дарфур, која долго време е погодена од конфликти и хуманитарни предизвици. Седумнеделниот конфликт расели 1,2 милиони луѓе во земјата, а дополнителни 400.000 беа принудени да побегнат во соседните земји.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk