logo
logo
logo

Ескалира состојбата на Блискиот Исток - иранскиот ракетен напад врз Израел најмасовен досега

Vecer | 02.10.2024

Ескалира состојбата на Блискиот Исток - иранскиот ракетен напад врз Израел најмасовен досега

Експлозии беа регистрирани на десетици места ширум земјата, а илјадници израелци ноќта ја поминаа во засолништа. Израелскиот премиер Бејнамин Нетанјаху најави одмазда за нападот.

-Иран направи голема грешка и ќе плати за тоа. Режимот во Иран не ја разбира нашата одлучност да се одбраниме себеси и да им наплатиме на нашите непријатели. Синвар и Деиф (од Хамас) не го разбраа тоа, Насралах и Мохсен (од Хезболах) исто така. Очигледно и тие во Техеран исто така не го разбираат тоа. Ќе го разберат.- Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел

Покрај израелските сили, во одбраната на Израел од ракетните напади се вклучија и американските сили во регионот. Претседателот Бајден веднаш потоа ја реафирмираше поддршката на САД и оцени дека нападот според него, бил целосно поразен и неефективен.

-Врз основа на тоа што сега го знаеме, нападот изгледа дека е поразен и неефективен. И ова е доказ за израелската воена способрност и способноста на САД. / Не правете грешка. САД целосно, целосно, целосно го поддржува Израел- Џо Бајден – претседател на САД

Официјален Техеран соопшти дека нападот е одговор за како што велат, ликвидацијата на лидерот на Хезболах, Хасан Насралах и на Хамас, Исмаил Ханија. Тамошните власти упатија и предупредување до САД да не се вмешуваат во конфликтот, а претседателот Пезешкијан порача дека имале легитимно право да воспостават мир и безбедност во регионот. Шефот на армијата пак, се закани дека доколку Израел се одмазди, ќе возвратат повеќекратно.

-Ако (Израел) направи нешто против нашиот суверенитет и територијален интегритет, вечерашната операција ќе биде повторена, со далеку поголема сила. Нивните луѓе не беа таргетирани, иако тоа беше апсолутно можно да се направи.- Мохамед Багери – Началник на ГШ на армијата на Иран

Во меѓувреме, илјадници иранци го прославуваа нападот врз Израел. Дел од нив велат дека очекувале тоа да се случи порано.

-Сега главна цел е Нетанјаху ако го погодиме и убиеме тоа бесно куче ќе бидам многу среќна. / Очекувавме ова да се случи многу порано, за да му покажеме на Израел каде му е местото.

Покрај во Иран, прослави за иранскиот напад врз Израел биле организирани и во Газа, Ирак, Либан и Јемен.

Иранскиот напад врз Израел е втор откако во април Техеран лансираше стотици дронови и проектили од кои голем дел беа пресретнати. Идниот понеделник инаку, е и годишнината од нападот на Хамас врз Израел во кој околу 1.400 израелски и странски државјани ги загубија своите животи, а според проценките, околу стотина се уште се држат како заложници во подземните тунели кои терористичката организација ги има во Појасот Газа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk