logo
logo
logo

Ерменија и САД ќе одржат заеднички воени вежби кон средината на месецов

Vecer | 03.08.2025

Ерменија и САД ќе одржат заеднички воени вежби кон средината на месецов

Како што соопшти ерменското Министерство за одбрана, во вежбите ќе учествуваат припадници на мировната бригада на ерменските вооружени сили, армијата на САД во Европа и Африка, како и Националната гарда на Канзас, пренесува денес руски Интерфакс.

Вежбите ќе се фокусираат на обука и извршување мировни задачи, со посебен акцент на медицинска евакуација.

Целта на вежбите е да се подобри меѓусебната соработка меѓу единиците што учествуваат во меѓународни мировни мисии, да се разменат искуства во областа на управувањето и тактичката комуникација, како и да се зголеми борбената готовност на мировните сили на ерменските вооружени сили.

„Единиците што се подготвуваат за меѓународни мисии периодично учествуваат во заеднички вежби и обуки со земјите-партнери“, соопшти ерменското Министерство за одбрана.

Слични вежби за прв пат се одржаа во Ерменија во септември 2023 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk