- Се согласуваме за зачувување на суверенитетот, територијалниот интегритет на Сирија, особено за воспоставување инклузивно управување, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со Урсула фон дер Лајен, претседателката на Комисијата на ЕУ, која е во посета на Анкара.
Ердоган, исто така, рече дека односите меѓу Турција и ЕУ и заедничките интереси „не треба да бидат заложници на неплодните планови на одделни членки на ЕУ“.
Тој ја нагласи потребата од посилни, поинституционализирани односи со ЕУ, додавајќи дека Турција како земја кандидат е посветена на оваа цел.
Наведувајќи два долгорочни приоритети за неговата земја, Ердоган, исто така, изрази надеж за одлуките на ЕУ за ажурирање на Царинската унија и забрзување на визниот процес за турските граѓани додека не се постигне визна либерализација на следниот самит на ЕУ.
Осврнувајќи се на борбата против тероризмот, Ердоган рече дека Турција е единствената земја и единствениот сојузник на НАТО што на терен ги победила терористичките организации ПКК и ИСИС. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата