logo
logo
logo

ЕМА ја одобри вакцината на Фајзер за деца на возраст над 5 години

Vecer | 25.11.2021

ЕМА ја одобри вакцината на Фајзер за деца на возраст над 5 години

Вакцината, развиена од Pfizer во соработка со BioNTech, која е одобрена во Европската унија од мај за тинејџери на возраст од 12 до 17 години, ќе се дава како инјекција во две дози од 10 микрограми во растојание од три недели, препорачала агенцијата.

Производителите на вакцини истакнуваат дека вакцината била 90,7 отсто ефикасна во клиничките испитувања кај децата од таа возрасна група. Дозите за возрасни се 30 микрограми.

„Придобивките од Comirnaty кај децата на возраст од пет до 11 години ги надминуваат ризиците, особено за оние со здравствени проблеми кои го зголемуваат ризикот од тешка форма на ковид-19“, се наведува во соопштението од ЕМА.

Конечното одобрение ќе го даде Европската комисија, која вообичаено ги следи препораките на ЕМА.

„Денешната препорака јасно покажува дека вакцината BioNTech-Pfizer е безбедна и ефикасна за малите деца и може да обезбеди дополнителна заштита“, објави на Твитер европската комесарка за здравство Стела Киријакидес.

Првите дози од вакцината за деца ќе бидат испорачани на 20 декември, изјави денеска портпаролката на BioNTech.

Вакцината на Pfizer за мали деца веќе е одобрена од САД, Канада, Израел, Кина и Саудиска Арабија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk