logo
logo
logo

Експлозија на гас во Англија; Пожар зафатил 20 стана, има жртви ВИДЕО

Vecer | 04.07.2022

Експлозија на гас во Англија; Пожар зафатил 20 стана, има жртви ВИДЕО

Најмалку едно лице загина, а три се повредени во силна експлозија на гас и голем пожар што избувна во станбен блок во англискиот град Бедфорд.

Според Би-Би-Си, тројца повредени се пренесени во болница.

Меѓу нив е и пожарникар, кој се наголтал чад по експлозија на гас.

Локалната полиција потврди дека едно лице е убиено. Според официјален претставник на локалната полиција, бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми во наредните денови бидејќи службите за итни случаи го пребаруваат местото на настанот.

Пожарот зафатил 20 станови, јавува Би-би-си.

Сведокот Алекс Фелтам рече дека слушнал „силен тресок“ и дека покривот на станбениот блок бил уништен.

Пожарот, како што наведе, брзо се проширил.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk