logo
logo
logo

ЕК утре ќе го усвои Пакетот извештаи за напредокот во процесот на проширување

Vecer | 29.10.2024

ЕК утре ќе го усвои Пакетот извештаи за напредокот во процесот на проширување

Како што информира денеска портпаролот на Еврокомисијата, Стефан де Керсмакер, Пакетот ќе вклучува извештаи за напредокот на 10-те земји опфатени со процесот на проширување, вклучително и Македонија. 

По усвојувањето на пакетот, тој ќе биде официјално презентиран од страна на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји. 

Еврокомисијата секоја година усвојува и презентира Пакет за проширување, кој опфаќа збир на документи што ја објаснуваат политика за проширувањето на ЕУ и прави преглед на случувањата во текот на изминатата година.  

Во Извештајот се анализира на напредокот постигнат од страна на земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ, предизвиците со кои тие се соочуваат и реформите што треба да ги спроведат.  

Во прилог на главниот документ, пакетот содржи и детални одвоени извештаи за напредокот во реформите во секоја земја кандидат и потенцијален кандидат, како и препораки и насоки за реформските приоритети. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk