Рускиот државен гасен гигант Газпром соопшти дека го прекинал снабдувањето со гас НА Европа преку главниот гасовод што минува низ Украина, откако Киев одби да го обнови договорот за транзит потпишан пред сеопфатната инвазија на Москва.
„Во 7 часот, во интерес на националната безбедност, беше прекинат транспортот на руски природен гас преку територијата на Украина“, соопшти украинското Министерство наведувајќи дека за тоа ги известила меѓународните партнери, согласно утврдената процедура.
„Го запревме транзитот на руски гас, тоа е историски настан. Русија ги губи своите пазари, ќе претрпи финансиски загуби. “, се вели во изјавата на украинскиот министер за енергетика.
Речиси во истовреме Европската комисија објави дека Европската унија е подготвена да се справи со оваа ситуација..
Според Комисијата, европската гасна инфраструктура е зајакната со значителен увоз на течен природен гас, а безбедноста на снабдувањето е зајакната во последните години со мерки за енергетска ефикасност и проширување на обновливите извори на енергија. Од друга страна Експертот за гас од западна унгарија, Ник Тот вели дека Европа е 80 проценти зависна од гас од други места во светот, затоа цената е толку висока, поради што европејците плаќаат четири пати повисока цена во споредба со САД.
Запирањето значи дека Украина ќе се откаже од околу 800 милиони долари годишно како транзитни такси. „Газпром“, пак, ќе загуби од речиси 5 милијарди долари од продажбата на гас. Словачкиот премеир Роберт Фицо и денеска предупреди на како што вели тепшките послецици од новонастаната ситуација
Од друга страна, полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски го поздрави прекинот на транзитот на руски гас преку Украина, оценувајќи дека тоа е „уште една победа“ во однос на Москва.
Инаку, Србија, Унгарија и Турција продолжуваат да добиваат руски гас од југ преку црноморскиот гасовод Турски тек.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата