logo
logo
logo

ЕК даде зелено светло: Децата од 12 до 15 може да се вакцинираат со Фајзер/БиоНТек

Vecer | 31.05.2021

ЕК даде зелено светло: Децата од 12 до 15 може да се вакцинираат со Фајзер/БиоНТек

Европската комисија денеска одобри употреба на вакцина на Фајзер/БиоНТек кај деца на возраст од 12 до 15 години, изјави комесарот за здравство на ЕУ, Стела Киријакидис.

- Земјите-членки на ЕУ сега можат да одлучат да ги прошират своите програми за вакцинирање, вклучително кај деца и тинејџери. Секоја доза е важна за да се стави крај на кризата, нагласи Киријакидис.

Минатата недела Европската агенција за лекови (ЕМА) даде зелено светло за употреба на Фајзер/БиоНТек кај деца на возраст од 12 до 15 години. Оваа вакцина е веќе дозволена за употреба кај оваа возрасна група во САД и Канада.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk