Детето имало 70 видливи повреди кога умрело во караван во Хернхил, Кент, Велика Британија, во ноември 2020 година, ѝ било кажано на поротата, пренесува Скај њуз.
На мајката на момчето, Сиан Хеџис (27) од Јелвертон, Девон и нејзиниот тогашен партнер Џек Бенхам (35) им се суди за неговото убиство.
Мајката била видена како плаче на суд додека на глас се читале детали за повредите на Алфи.
Поротниците слушнале дека Алфи имал „многубројни модринки“ и други траги и имало докази за скршени ребра, раце и нозе. На телото на момчето имало и траги од задушување на усните, соопштија од судот.
Во крвта и урината на Алфи биле пронајдени траги од кокаин, а лекарите кои го прегледале сугерирале дека може да се работи за пасивно вдишување на крек или надворешен контакт со дрогата.
Официјалните лица рекоа дека обдукцијата утврдила дека смртта на Алфи била предизвикана од „неприродни средства како резултат на постапките на некој друг или други“. Мајката и нејзиниот партнер пред судот изјавиле дека не се сеќаваат што се случило ноќта пред смртта на момчето.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата