logo
logo
logo

Едно лице загина во ударот на камион во автобуска станица кај Тел Авив

Vecer | 27.10.2024

Едно лице загина во ударот на камион во автобуска станица кај Тел Авив

Камионот удрил во автобуска постојка во близина на воена база во 10 часот по локално време, соопшти полицијата.

Возачот, кој имал израелско државјанство, бил „неутрализиран“ од вооружен цивил, додава полицијата.

Вкупно 40 лица се повредени, некои потешко.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и нагласи дека „постои сомнение дека се работи за терористички напад“.

Израелските медиуми јавуваат дека напаѓачот е израелски Арап од Калансаве, град во централен Израел. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk