logo
logo
logo

Единаесет загинати и 130 повредени лица во експлозија во фабрика во рускиот регион Рјазан

Vecer | 16.08.2025

Единаесет загинати и 130 повредени лица во експлозија во фабрика во рускиот регион Рјазан

Министерството на каналот Телеграм соопшти дека на местото на несреќата, на околу 320 километри југоисточно од Москва, беа распоредени повеќе од 360 спасувачи и 90 единици опрема, а покрај пожарникарски и спасувачки екипи, на терен се и екипи на психолози од Министерството.

Гувернерот на регионот Рјазан, Павел Малков, вчера изјави дека несреќата е предизвикана од пожар што избувнал во работилница во фабриката.

Причината за пожарот не е прецизирана и не е познато точно што се произведувало во оваа фабрика. 

Украинските дронови претходно ја гаѓаа воената и економска инфраструктура во регионот Рјазан,  голема рафинерија за нафта и електрана беа погодени од дронови.

Дел од руските медиуми пренесуваат дека експлозијата била предизвикана од палење на барут.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk