Трагичната несреќа се случила во вторникот во Ваграин во 9 часот, 11-годишното момче од Долна Австрија скијало по патека кога се случил фаталниот инцидент, објави Ое24.
Детето удрило во оградата, а потоа и во надворешниот ѕид од скијачката куќарка. Момчето првично било успешно реанимирано и пренесено во Универзитетската болница во Салцбург.
Таму починал од тешките повреди.
Тагата е неизмерна, семејството, пријателите и клубот на 11-годишниот млад фудбалер се во шок.
„Што да се каже, што да се напише кога немате зборови. Кога точно знаете дека таа несреќа не може да се пренесе со зборови“, напиша шокирано на Фејсбук фудбалскиот клуб ФК Нојдорф. „Не можете да размислувате за фудбал во моментов. Тој беше постојано присуство во ФК Нојдорф, не можете да ги најдете вистинските зборови“, изјави тренерот на Нојдорф, Кристоф Прем за „NON“. Тренингот во среда е откажан, со оглед на случувањата, се уште не е јасно дали денеска ќе има тест-натпревар против Хохенау“.
За една недела семејството и пријателите ќе се збогуваат со момчето. Потоа неговата урна ќе биде сместена во неговата „втора дневна соба“ во мензата на спортскиот полигон ФК Нојдорф. Во некрологот се вели: „Во нашите сеќавања секогаш ќе бидете одличен фудбалер и сончев зрак во нашите срца“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата