logo
logo
logo

РУСИЈА ЈА ПРОБИВА ЕНЕРГЕТСКАТА БЛОКАДА - Најавена нова испорака на гориво за Куба

Vecer | 02.04.2026

РУСИЈА ЈА ПРОБИВА ЕНЕРГЕТСКАТА БЛОКАДА - Најавена нова испорака на гориво за Куба

Рускиот министер за енергетика, Сергеј Цивиљев, изјави денеска дека Русија планира да испрати втор брод со гориво за Куба.

Цивиљев, на маргините на форумот „Енергопром-26“, наведе дека првиот брод веќе пристигнал на Куба со 100.000 тони хуманитарна помош и дека вториот брод наскоро ќе биде натоварен, со цел да им се помогне на Кубанците и покрај блокадата и ограничувањата во снабдувањето, пренесе „Интерфакс“.

Рускиот министер истакна дека Куба не би смеела да остане без помош, нагласувајќи дека Москва е подготвена да ги обезбеди потребните испораки на гориво.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk