Кинески воени бродови денес впловија во руското пристаниште Владивосток на Далечниот Исток, пред заедничките вежби што ќе се одржат од 1 до 5 август, објави денес Ројтерс.
Видеата од руското Министерство за одбрана покажуваат бродови, вклучувајќи и подморница, како влегуваат во пристаништето, а кинеските морнари беа пречекани со аплауз од граѓаните кои ги мавтаа националните знамиња на двете земји, додека жени во традиционални носии му понудија на кинескиот офицер традиционално добредојде со леб и сол.
Руските медиуми објавија претходно соопштение од Руската пацифичка флота, во кое се наведува дека заедничките вежби со Кина „се од одбранбен карактер и не се насочени против други земји“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата