logo
logo
logo

Песков: Путин нема намера да го обнови Советскиот Сојуз ниту да го нападне НАТО

Vecer | 09.12.2025

Песков: Путин нема намера да го обнови Советскиот Сојуз ниту да го нападне НАТО

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека тврдењата на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз се погрешни, а тврдењата дека рускиот претседател планира да нападне земја членка на НАТО се „целосна глупост“.

- Тоа не одговара на реалноста, рече Песков коментирајќи ја изјавата на Мерц, кој милитаризацијата на земјите од НАТО ја објасни со тоа што рускиот претседател, според него, „сонува да го обнови Советскиот Сојуз“.

- Владимир Путин не сака да го обнови Советскиот Сојуз, бидејќи тоа е невозможно. И тој самиот многупати зборувал за тоа. А да се зборува за тоа е непочитување кон нашите партнери, кон нашите сојузници од Заедницата на независни држави (ЗНД), кон понапредните форми на интеграција. Очигледно господинот Мерц не знае за тоа, нагласи портпаролот на Кремљ.

- Што се однесува до подготовката за напад врз НАТО – тоа е целосна глупост. Повторно повикувам сите да го слушаат примарниот извор – нашиот претседател (Владимир) Путин, додаде тој.

Песков ги коментираше и преговорите за мир во Украина. На новинарско прашање дали имало каков било контакт меѓу Русија и САД по средбата на Путин со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп – Стив Виткоф и зетот на Трамп Џеред Кушнер, Песков изјави дека Русија е во постојан контакт со претставниците на американската администрација, и оти Москва очекува резултати од дискусијата за мировниот план на Вашингтон со украинската страна. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk