Претседателот Доналд Трамп „има многу можности и низа инструменти“ за да гарантира дека Исламската Република нема оружје за масовно уништување, рече Венс во интервју за Фокс њуз.
Иран ги отфрла тврдењата дека тајно се обидува да развие нуклеарно оружје и вели дека има право да користи нуклеарна енергија за мирни цели.
Венс го изрази овој став неколку часа по преговорите меѓу претставниците на Вашингтон и Техеран во Женева. Првата рунда разговори за намалување на тензиите меѓу двете земји се одржа претходно овој месец во главниот град на Оман, Мускат.
Тензијата меѓу САД и Иран ескалира, откако Трамп во јануари објави дека „армада“ од воени бродови патува кон Иран. Американски воени бродови се стационирани во регионот во последните неколку недели.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата