logo
logo
logo

Две лица се удавија во Перу во плимни бранови по ерупција во Тонга

Vecer | 16.01.2022

Две лица се удавија во Перу во плимни бранови по ерупција во Тонга

Повеќе од 20 перуански пристаништа се привремено затворени поради предупредувања за можни многу високи бранови.

Подводен вулкан во водите на Тонганските острови еруптираше вчера, по што беше издадено предупредување за цунами за неколку островски држави на Јужниот Пацифик, особено за Тонга и Американска Самоа, а брановите стигнаа и до Јапонија.

Беше издадено предупредување за цунами и за западниот брег на САД и за Чиле, а американската држава Хаваи беше погодена од „мали поплави".

Од вулканот висок 20 километри во петокот почнаа да еруптираат пареа, гас и пепел. Погодената област е со дијаметар од 260 километри.

Плимниот бран од Тонга стаса и до Хрватска. Метеоролошките станици во Истра вчера забележаа ударен бран од вулканската ерупција во Тонга, соопшти Истрамет. Ударниот бран поминал 17.000 километри и патувал 15 часа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk