logo
logo
logo

Двајца високи функционери на Хамас додадени на црната листа на ЕУ

Vecer | 08.12.2023

Двајца високи функционери на Хамас додадени на црната листа на ЕУ

Како што е наведено, санкциите меѓу другото се состојат и во замрзнување на сите средства што ги имаат во ЕУ.

Од денеска на списокот се Мухамед Деиф, главниот командант на военото крило на Хамас, Бригадите Ал Касам и неговиот заменик Марван Иса.

-Одлуката е дел од одговорот на ЕУ „на заканата од Хамас и неговите брутални и недискриминирачки терористички напади што се случија во Израел на 7 октомври 2023 година“, се нагласува во коминикето.

Палестинското исламистичко движење е признаено како терористичка група од Европската унија, како и од САД, Канада и Израел.

Се очекува ЕУ да воведе нови санкции против Хамас во наредните недели, изјави европски претставник кој сакаше да остане анонимен. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk