logo
logo
logo

Двајца белгиски новинари се ранети во израелските напади на Бејрут

Vecer | 03.10.2024

Двајца белгиски новинари се ранети во израелските напади на Бејрут

Воениот репортер Робин Рамаекерс се здобил со „фрактура на лицето“, а камерманот Стијн Де Смет ја повредил ногата и двајцата се хоспитализирани. Нивната редакција телефонски разговарала со нив и било потврдено дека не се во животна опасност, изјави портпаролот на медиумската групација ДПГ Медиа, сопственик на ВТМ.

Истото го објави и фламанскиот дневен весник Het Laatste Nieuws. Засега не се познати околностите за таа несреќа. ДПГ Медиа соопшти дека тие биле повредени во моментот „кога сакале да направат извештај“ за бомбардирањето на центарот на градот во раните утрински часови.

Седум лица утрово загинаа во израелски воздушен напад врз градот, еден ден по судирите со Хезболах во кои загинаа осум израелски војници. Израел соопшти дека извршил прецизен воздушен напад врз Бејрут. Три проектили го погодија и јужното предградие Дахије, каде минатата недела беше убиен лидерот на Хезболах Хасан Насрала.

Белгиското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе ја следи состојбата на своите повредени новинари. Во Либан моментално има околу 1.800 белгиски државјани, а околу стотина изразиле желба да ја напуштат земјата, соопшти белгиската дипломатија, додавајќи дека ќе им помогнат во тоа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk