logo
logo
logo

Дунав се излеа од коритото и почна да ги поплавува насипите во центарот на Будимпешта

Vecer | 19.09.2024

Дунав се излеа од коритото и почна да ги поплавува насипите во центарот на Будимпешта

Насипите во повеќето делови на градот се веќе поплавени, а водата го покрива насипот на долниот кеј во Пешта пред зградата на унгарскиот Парламент, пренесе Индекс.хр. 

Според прогнозите, годинашната поплава нема да го надмине рекордниот водостој на Дунав во историјата. 
 

Во Будимпешта пикот се очекува в сабота, кога водата треба да се искачи на 840 сантиметри, што е 51 сантиметар под нивото на поплавата од 2013 година.

Во главниот град на Унгарија веќе почнаа да се применуваат сообраќајни ограничувања - затворени се многу метро станици, променети се автобуските и трамвајските линии. 

Во многу делови на Унгарија има затворени патишта. Кишороси, село на островот Сант'Андреа во округот Пешта, целосно е отсечено од надворешниот свет поради водата, а критична е и ситуацијата и во Вача. 

Од безбедносни причини, повеќе од 150 населени места покрај Дунав останаа без струја. 

Во средината на септември поплави ги погодија земјите од Централна и Источна Европа. Покрај Унгарија, поплави има и во Полска, Чешка, Австрија, Словачка и Романија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk