logo
logo
logo

Драстично е намален бројот на илегални мигранти преку Балканската рута

Vecer | 13.07.2024

Драстично е намален бројот на илегални мигранти преку Балканската рута

Меѓу главните миграциски рути, најголемо намалување на бројот на откриени илегални гранични премини забележале Западен Балкан и Медитеранот, а најголем пораст забележале западноафриканските и источните копнени граници. Најмногу илегални мигранти на сите рути годинава имало од Сирија, Мали и Авганистан.

Бројот на откриени премини на западнобалканската рута е намален за дури 72 отсто, а медитеранската рута, која лани забележа најголем број нелегални премини, бележи пад од 61 отсто во однос на лани. И покрај тоа, таа остана најактивната рута оваа година со речиси 26.000 откриени премини.

Во меѓувреме, западноафриканската рута продолжи да бележи рекорден број на откриени премини. Вкупниот број на илегални мигранти кои пристигнале на Канарските острови во првата половина од годинава се зголемил за 174 отсто, на годишно ниво на речиси 20.000.

Втората најактивна миграциска рута во првата половина од годината била Источниот Медитеран, каде што бројот на пристигнувања се зголемил за 75 отсто на речиси 25.000.

Во првите шест месеци од 2024 година е забележан и значителен пораст на илегалните преминувања на источните копнени граници, со нагло зголемување од 148 отсто или во бројки над 6.700. Огромното мнозинство од мигрантите откриени на оваа рута биле државјани на Украина.

Фронтекс нагласува дека со повеќе од 2.900 офицери и персонал ангажирани во различни операции, тие остануваат посветени на заштитата на надворешните граници на ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk