logo
logo
logo

Драматична криза во Германија- фирмите со најави за помалку вработувања и повеќе откази

Vecer | 19.12.2024

Драматична криза во Германија- фирмите со најави за помалку вработувања и повеќе откази

Месечниот барометар за вработување на институтот Ifo, врз основа на редовно истражување на околу 9.500 германски компании, повторно падна.

Барометарот е на најниската точка од почетокот на пандемијата на коронавирус во 2020 година, но за разлика од почетокот на пандемијата, овогодишниот пад не е толку остар. „Малку компании вработуваат, додека уделот на компаниите кои сакаат да ги намалат работните места расте“, рече директорот на Ifo, Клаус Вохрабе, пренесе Цајт.

Отпуштања се разгледуваат во речиси сите сектори, а најтешко се погодени металната индустрија, производителите на автомобили и нивните добавувачи.

Трговскиот сектор планира и намалување на бројот на работни места, а негативниот моментум продолжи во последните месеци кај давателите на услуги. Додека туристичката индустрија вработува, личните даватели на услуги и угостители отпуштаат работници.

И покрај кризата, нема знаци за голем бран отпуштања во градежната индустрија, бидејќи компаниите се обидуваат да обезбедат нови работни места и да ги задржат вработените.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk