logo
logo
logo

Драма во училиште во САД: Дете видело како се гуши другарчето и го спасило-го слават како херој

Vecer | 20.12.2024

Драма во училиште во САД: Дете видело како се гуши другарчето и го спасило-го слават како херој

Инцидентот се случил во кафетеријата на основното училиште „Портер“, а го снимила надзорната камера, пишува Дејли мејл.

Томас и Исија седеле еден до друг и ручале, кога осумгодишното дете забележало дека нешто не е во ред.

„Го слушнав како плаче и си помислив „што се случува“. Не разбрав што прави. Кога видов дека се гуши, веднаш го применив зафатот Хајмлих“, изјавило храброто момче.

Се испоставило дека тој го спасил пријателот од гушење со грозје, а интересно е што директорката на училиштето Кети Реј слушнала за драматичната ситуација дури кога мајката на Исија побарала да го погледне видеото.

 „Бев шокирана од она што го видов. Дејствуваа и емоциите, бидејќи еден наш ученик со посебни потреби се задушил во кафетеријата пред седум години“, вели г-ѓа Реј.

Томас тој ден не седел на своето вообичаено место, но неговото присуство се покажало спасоносно. Кога го прашале што помислил кога го видел пријателот како се гуши, тој одговорил: „Не сакав Исија да умре“.

Томас е поздравен како херој од локалната заедница, а противпожарната служба му врачи сертификат за благодарност за неговите „херојски дејствија“ за време на церемонијата во училиштето Портер.

Малото момче им се обрати на присутните и кратко рече: „Не плашете се да помогнете некому“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk