Ајфеловата кула е главната туристичка атракција на Париз, главниот град на Франција, и секоја година ја посетуваат милиони туристи.
Засега нема пријави за повредени, пренесе Мирор.
Туристичката атракција е затворена додека не се изгасне пожарот, пренесоа француските медиуми.
Според непотврдени информации, пожарот избувнал во отворот на лифтот меѓу првиот и вториот кат. Противпожарните екипи излегоа на терен и пристапот е ограничен.
Eiffel Tower evacuated as fire breaks out at Paris attraction https://t.co/4HyRg4ms06
— The Mirror (@DailyMirror) December 24, 2024
Извори блиски до полицијата информираат дека се евакуирани околу 1.200 луѓе, главно туристи. Причината за пожарот наводно е прегревање на каблите за подигнување на лифтовите, објави Метро Њуз.
На социјалните мрежи корисниците коментираат дека сè уште им е свежо сеќавањето на големиот пожар кога изгоре познатата катедрала Нотр Дам, која неодамна беше целосно реконструирана и отворена за јавноста по речиси пет години.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата