logo
logo
logo

Драма во авион: Патници им дале на членовите на екипажот гумени бонбони со марихуана- завршиле во болница

Vecer | 11.02.2026

Драма во авион: Патници им дале на членовите на екипажот гумени бонбони со марихуана- завршиле во болница

Тројца членови на кабинскиот екипаж беа итно префрлени во болница, објави „Дејли меил“.

Членовите на екипажот тврдат дека имале „вонтелесно искуство“ откако несвесно ги конзумирале гумените бомбони со канабис. За среќа, тие почнале да ги јадат слатките, кои содржеле до 300 мг THC - психоактивната компонента на марихуаната - дури откако авионот од Хитроу слета во Лос Анџелес минатата недела.

За повратниот лет е обезбеден сосема нов екипаж, додека засегнатите членови на екипажот подоцна беа репатрирани со посебен лет како патници.

„Бритиш ервејс“ започна истрага за да го пронајде патникот кој им ги дал на членовите на екипажот гумените бомбони со марихуана.

„За среќа, во овој случај, бомбоните не им беа поделени на екипажот сè додека не пристигнаа во САД“, рече изворот, додавајќи:

„Бонбоните беа конзумирани во автобусот на екипажот по слетувањето, а уморните членови на екипажот со благодарност ги изедоа. Речиси веднаш, екипажот сфати дека нешто не е во ред.“

„Кога групата стигна до хотелот со екипажот, тројца членови на екипажот, кои консумирале бројни бомбони, почнале да доживуваат искуства надвор од телото. Се чувствувале целосно надвор од контрола и станале панични и исплашени.“

Изворот додаде дека биле однесени во болница на лекување откако им се влошиле симптомите. Компанијата го сфаќа случајот „многу сериозно“, рече изворот, додавајќи дека патникот кој ги споделил бомбоните со марихуана „може да се соочи со повеќекратни полициски обвиненија“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk