Шолц истакна дека со Путин последен пат разговарал веднаш откако лидерот на Кремљ пред 15 месеци дал наредба да почне инвазијата врз Украина, додаде германската агенција.

-Имам намера да го направам тоа повторно наскоро, рече германскиот канцелар денеска на 38-миот конгрес на германската Протестантска црква, во јужниот град Нирнберг.

Предуслов за „праведен мир“ е Русија да ги повлече своите трупи, продолжи Шолц. „Тоа е она што треба да се разбере“.

ДПА појаснува дека додека ова го кажуваше во публиката повремено се слушаа извиците „преговарај“.

Шолц им возврати „да се ​​преговара е во ред. Прашањето е: кој со кого и за што преговара“.

Шолц претходно ги истакна принципите за ставот на Берлин кон војната и рече дека мора да се спречи да дојде до ескалација на  конфликтот.

-Беше и е правилно да се однесуваме координирано во сè што правиме. Дека го земаме предвид секој чекор и дека не одиме сами. Ние сме посветени на овој принцип од самиот почеток, кажа Шолц и додаде дека „ границите во Европа не треба да се поместуваат на сила“.