logo
logo
logo

Доживотен затвор за лондонски полицаец, кој силувал десетици жени

Vecer | 07.02.2023

Доживотен затвор за лондонски полицаец, кој силувал десетици жени

„Ги искористивте предностите на жените на ужасен начин“, рече судијката Боби Чима-Граб додека ја читаше пресудата со која заврши случајот што ја влоши кризата на доверба во Скотланд Јард од каде се  оглушиле на предупредувањата за својот вработен. „Се однесуваше како да си недопирлив затоа што си припадник на полицијата“, додаде таа.

Во ложата за обвинетите, Дејвид Керик (48) ја наведна главата и не ги отвори очите за време на изрекувањето на пресудата.

Нему му е судено за најмалку 85 кривични дела, вклучително и 48 силувања, кои се случиле помеѓу 2003 и 2020 година.

„Злосторствата на Дејвид Керик е дамка за нашата полиција“, одговори во изјавата министерката за внатрешни работи Суела Браверман, оддавајќи им почит на „храбрите“ жртви на Керик. „Во нашата полиција нема место за вакво предаторско и грозоморно однесување.

Полицијата пропушти девет пати можност да го уапси тој сериски силувач кој 17 години работел во полицијата. Тој на крајот беше уапсен во октомври 2021 година за првото обвинение за силување, што ги натера другите жени да го пријават.

„Тие жени не се слаби, тие се жртви на вашиот криминален ум“, рече судијката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk