logo
logo
logo

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

Vecer | 05.10.2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

Централно-левичарската Социјалдемократска партија на Германија (СПД) и конзервативниот блок составен на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на канцеларот Фридрих Мерц и сестринската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) заедно имаат само 38 проценти доверба - што е најлош резултат на коалицијата откако ја презеде власта во мај.

Конзервативците изгубија еден процентен поен во споредба со претходната недела, достигнувајќи 24 проценти доверба. Коалицискиот партнер СПД исто така падна за еден поен, на 14 проценти.

Доколку денеска има избори за германскиот Бундестаг, 26 отсто од испитаниците би го дале својот глас за крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), која ја одржува стабилна својата популарност и доверба кај гласачите.

Поддршката Левицата е зголемена за еден процентен поен на 12 отсто, додека Зелените изгубија еден поен и сега се на 11 проценти. Алијансата Сара Вагенкнехт (БСВ) и Слободните демократи (ФДП) имаат 4 проценти, што е под прагот од 5 отсто потребен за влез во Бундестагот.

Останатите партии имаат поддршка од 5 проценти.

Анкетата на „Инса“ е спроведена меѓу 29 септември и 2 октомври, а биле опфатени 1.186 испитаници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk