logo
logo
logo

Дмитриев: Повлекувањето од Донбас е патот кон мир за Украина

Vecer | 27.01.2026

Дмитриев: Повлекувањето од Донбас е патот кон мир за Украина

„Повлекувањето од Донбас е патот кон мир за Украина“, напиша Дмитриев на мрежата X.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека украинските вооружени сили мора да го напуштат Донбас и дека тоа е важен услов за руската страна.

Русија контролира речиси 90 проценти од регионот Донбас, а рускиот претседател Владимир Путин постојано повторува дека ако Украина не се откаже од остатокот, тогаш Русија ќе го земе со сила, објавија британските медиуми.

Најтешката точка за време на разговорите меѓу американската, руската и украинската делегација во Абу Даби во петокот и саботата беше територијалното прашање, а меѓу другото, беше разговарано и за создавање тампон-зона, објавува рускиот портал „Фонтанка“.

Трилатералните преговори меѓу САД, Русија и Украина ќе продолжат в недела, 1 февруари, во Абу Даби, објави порталот „Аксиос“ повикувајќи се на изјава од американски функционер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk