logo
logo
logo

Директорт на ЦИА Барнс, денеска ќе се сретне со израелскиот премиер Нетанјаху

Vecer | 08.05.2024

Директорт на ЦИА Барнс, денеска ќе се сретне со израелскиот премиер Нетанјаху

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс денеска ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други официјални претставници, објавија светските агенции, повикувајќи се на извор запознаен со неговиот план за патување.

Барнс во Израел ќе пристигне од Каиро каде се преговара за прекин на огнот во војната во Појасот Газа.

Лондонски Гардијан напиша дека сите пет делегации кои вчера учествуваа во разговорите во во Каиро - Хамас, Израел, САД, Египет и Катар - го поддржаа обновувањето на преговорите.

Два извора од египетската делегација потврдија дека се очекува преговорите да продолжат и денеска.

Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, синоќа изјави дека Хамас претставил изменет предлог и дека новиот текст укажува дека преостанатите разлики можат апсолутно да се надминат.

Тој, меѓутоа, одби да открие други детали од преговорите.

Израел во понеделникот соопшти дека предлогот за трифазен прекин на огнот, прифатен од Хамас, е неприфатлив за нив бидејќи „условите се ублажени“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk