logo
logo
logo

Директорот на ФБИ предупредува: И во САД е можен напад како што беше масакрот во Москва (ВИДЕО)

Vecer | 24.04.2024

Директорот на ФБИ предупредува: И во САД е можен напад како што беше масакрот во Москва (ВИДЕО)

Како што пренесува „Dailymail“, Реј истакнал дека ФБИ во моментов води дури 4.000 меѓународни истраги за тероризам.

Тој, исто така, изјави дека ФБИ е „сè повеќе загрижен за потенцијалот за некаков вид координиран напад на територијата на Соединетите држави“. Објаснувајќи дека таквиот напад можеби не е толку различен од она што се случи во Москва кога припадниците на Исламската држава убија 144 луѓе во концертна сала.

Нападот во трговскиот центар во руската престолнина на 22 март е и најсмртоносниот терористички напад во Русија во последните две децении. Вреј претходно изрази загриженост за зголемените закани од тероризмот, велејќи на панелот на Претставничкиот дом на САД претходно овој месец дека моменталната закана од тероризам е најголемата што може да се сети во неговата кариера.

„Додека гледам наназад на мојата кариера во спроведувањето на законот, тешко е да се сетам на време кога имало толку многу закани за нашата јавна и национална безбедност. На крајот на фискалната 2023 година, ФБИ спроведуваше 4.000 меѓународни истраги за тероризам“, кажа Реј.

Тој, исто така, предупреди дека терористичката закана за САД е зголемена по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври:

„Уште пред нападот на 7 октомври мислевме дека тероризмот еволуирал. По овој напад тој е на сосема ново ниво“, додаде Реј.

Реј, исто така, се осврна на сè понепријателската меѓународна средина и потенцијалното прелевање на теророт:

„Без разлика дали станува збор за закана од Кина, Русија, Иран, има терористички закани и од странски и од домашни фактори.“

Потсетуваме, Реј на функцијата директор на ФБИ беше поставен во 2017 година од Доналд Трамп, тогашниот претседател на САД. Тој водеше кампања во Конгресот за да добие уште повеќе средства. Буџетот на ФБИ за фискалната 2024 година падна 500 милиони долари помалку од она што беше потребно за одржување на сегашните функции.

Руските власти уапсија четворица напаѓачи во концертна сала во Москва. Иако Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот, а во Кремљ сакаа да докажат дека нападот е поврзан со властите во соседна Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk