logo
logo
logo

ШОКАНТНО ВИДЕО

ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ: Амбасадорка со месеци ја малтретирала домашната помошничка

Vecer | 02.03.2021

ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ: Амбасадорка со месеци ја малтретирала домашната помошничка

Амбасадорката на Филипините во Бразил е отпуштена откако било откриено дека со месеци ја тепала една од своите домашни помошнички во резиденцијата во Бразилија, а нејзиние напади се снимени и објавени во медиумите.

Амбасадорката Маричу Мауро е отповикана и вратена во Манила кон крајот на минатата година, откако на телевизијата GloboNews биле објавени снимките кои го откриваат нејзиното однесување кон жената, исто така, Филипинка. Освен тоа добила и отказ од Министерството за надворешни работи, рекол вчера претседателот Родриго Дутерте.

 

[embed]https://youtu.be/Z3GC3l_3I6g[/embed]

Мауро ќе го загуби правото на пензија и веќе нема да може да извршува јавна функција.

Снимкие се направени меѓу март и октомври 2020 година, а употребени се како поткрепа на тужбата против поранешната дипломатка, која за амбасадорка била именувана во 2018.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk