logo
logo
logo

Девојка од Србија е брутално убиена во Германија- телото го нашоол случаен минувач

Vecer | 09.06.2025

Девојка од Србија е брутално убиена во Германија- телото го нашоол случаен минувач

Телото на девојката било пронајдено во четврток, 5 јуни, во раните утрински часови, во близина на клупа на одморалиште, каде што туристите и локалното население често застануваат да уживаат во зеленилото, објави Билд.

Телото наводно го пронашол возач кој застанал таму за да се одмори. Идентитетот на жртвата не е објавен, а медиумските извештаи укажуваат дека девојката е по потекло од Србија.

Првичните податоци од истрагата покажуваат дека таа е убиена со огнено оружје, а приведениот Денис М. (34) бил нејзин познаник.

Што точно му претходело на убиството засега е непознато. Истражителите претпоставуваат дека станува збор за злосторство од страст. Се чекаат резултатите од обдукцијата, но полицијата верува дека девојката е убиена во среда.

Денис, кој поседувал неколку оружја, бил пронајден и уапсен кратко време по пронаоѓањето на телото. Тој бил уапсен во Вадерн, каде што живеел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk