Девојчето прво било донесено во поликлиниката Касилино откако доживеала срцев удар, објави италијанскиот јавен сервис РАИ.
Симптомите на алергија се појавиле половина час откако во нејзиниот дом јадела њоки направени од пченично брашно. Кога пристигнала брзата помош, таа веќе имала кардио-респираторен застој.
И покрај напорите на лекарите да ја спасат, девојчето починало набргу откако од поликлиниката било префрлено во Универзитетската болница Агостино Џемели. Во тек е истрага која ќе ги утврди сите околности за нејзината смрт.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата