logo
logo
logo

Детали од нападот на свештеници во манастир во Шпанија: Напаѓачот ги претепал со стап и шишиња

Vecer | 11.11.2024

Детали од нападот на свештеници во манастир во Шпанија: Напаѓачот ги претепал со стап и шишиња

Да потсетиме, првично во медиумите се појавија информации дека при нападот загинал свештеник, но подоцна било утврдено дека е жив, но во многу лоша состојба, опасна по живот.

Исто така, двајца ранети монарси се во критична состојба во болница, додека другите се полесно повредени.

Нападот се случил во раните утрински часови во саботата, на 9 ноември, кога неименуван маж упаднал во имотот на христијански манастир и извикал „Јас сум Исус Христос“ додека го напаѓал свештенството.

Наводно, при нападот употребил стап и стаклено шише за да ги удри свештениците.

Според шпанските медиуми, станувало збор за маж (46) од шпанска националност кој моментално е во притвор во станицата Пуцол во Валенсија, пишува Ел Паис.

Откако се дознало за нападот, се огласи градоначалникот Салва Коста, кој го поминал викендот во манастирот за да разговара со монасите.

„Отидов да ги посетам, да ги видам, имам директен контакт со нив“, рече градоначалникот.

Овој инцидент се случи откако на крајот на октомври страшна бура ја погоди Валенсија и предизвика разорни поплави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk