logo
logo
logo

Денеска се одржуваат делумни избори за францускиот Сенат, се очекува победа на конзервативците

Vecer | 24.09.2023

Денеска се одржуваат делумни избори за францускиот Сенат, се очекува победа на конзервативците

За разлика од директните избори за претставници на Националното собрание, местата во Сенатот се пополнуваат со гласање на големите електори.

Се очекува конзервативците да го задржат своето мнозинство во Сенатот со 148 места, каде што имаат апсолутно мнозинство со своите сојузници.

Релативно нов на политичката сцена и недоволно вкоренет на локално ниво, Препород, партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, има 24 пратенички места.

На изборите треба да се обноват 170 од 348 места во Сенатот, кои се избираат за шестгодишен мандат, а половина од местата во Сенатот се обновуваат на секои три години.

На овие избори во четириесет француски департмани се поканети на гласање повеќе од 79.000 големи електори, за што гласачите не се премногу заинтересирани.

Сенатот донесува закони, но има помала моќ од Националното собрание и во случај на спор, горниот дом го има последниот збор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk