logo
logo
logo

Ден по разорното невреме прекин на железничкиот сообраќај во Австрија: „Не погоди сосема неочекувано!“

Vecer | 19.08.2022

Ден по разорното невреме прекин на железничкиот сообраќај во Австрија: „Не погоди сосема неочекувано!“

Австриските железнички врски се прекинати денеска, еден ден откако разорните бури зафатија делови од Европа и предизвикаа голема штета.

Возовите не сообраќаат во австриските провинции Корушка и Штаерска, откако ветровите со брзина до 140 километри на час ги урнаа столбовите за струја.

https://www.facebook.com/bruckmur.at/posts/pfbid0SgdG8nTh643kPfqCDcCPEit7raXsfjcZoWNmKVJZbQxRDdg4NuuorL3GogNVW2NRl

Возовите од Виена до Венеција беа пренасочени преку Салцбург, а во прекин беа и регионалните возови, соопшти Австриската железница.

Денеска повторно беше отворен автопатот А2, претходно затворен поради паднати дрвја и прекин на струја во тунелите.

Две деца загинаа во четвртокот, а десетина луѓе беа повредени, од кои некои потешко, при пад на дрвја во близина на езерото во Корушка, во Св. Андри.

„Тоа не погоди сосема неочекувано“, изјави сведок за весникот „Клајн цајтунг“.

Полицијата соопшти дека уште три жени го изгубиле животот додека планинареле во Гејминг, Долна Австрија, откако врз нив паднало дрво.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk