logo
logo
logo

Демократската партија на Курдистан победи на регионалните избори во Ирачки Курдистан

Vecer | 30.10.2024

Демократската партија на Курдистан победи на регионалните избори во Ирачки Курдистан

Во Ирачки Курдистан, каде што се одржаа регионални избори на 20 октомври, двете партии кои доминираат со децении се Демократската партија на Курдистан, предводена од кланот Барзани и Патриотската унија на Курдистан, предводена од кланот Талабани.

Патриотската унија на Курдистан е на второ место со 23 пратеници, покажуваат податоците на Iзборната комисија која го соопштува бројот на освоени мандати на секоја партија во четирите изборни единици.

Опозициската партија Нова генерација направи извонреден пробив, речиси двојно го зголеми бројот на пратеници, освојувајќи 15 места во споредба со осум во претходниот парламент.

Останатите места им припаднаа на исламистичките опозициски партии како Исламската унија на Курдистан (ИКУ) со седум пратеници, како и на новосоздадените формации. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk