logo
logo
logo

Делегација на АфД ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Vecer | 20.01.2025

Делегација на АфД ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Копретседавачот на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), Тино Чрупала, рече дека неговото патување во Вашингтон за инаугурацијата на Доналд Трамп е можност за воспоставување политички и економски контакти со новото американско раководство.

-Да му се оддаде почит на Трамп, кој ќе положи заклетва како претседател попладне во Вашингтон, е вистинската работа, изјави Чрупала, пренесе ДПА.

Тој рече дека ќе разговара со голем број американски републикански политичари, како и со германски деловни претставници во Вашингтон. 

Изборот на Трамп во 2016 година и неговиот кам-бек во 2024 година се гледаа од европските екстремно десничарски политички групи како важен поттик.

Но, АфД сепак има спротивставени позиции на Трамп и неговите советници за клучните прашања од американската политика.

Според Чрупала, тој бил поканет во Вашингтон од републиканските лидери. На патувањето му се придружија и неколку други високи политичари на АфД, вклучувајќи ги Беатрикс фон Сторч и Петр Бистрон.

Но, главниот кандидат на АфД за претстојните германски избори, Алиса Вајдел, ја прескокна поканата, наведувајќи го густиот распоред на кампањата.

На инаугурацијата ќе присуствува и заменик-претседателката на парламентарната група на АфД, Беатрикс фон Шторх./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk