logo
logo
logo

Администрацијата на Трамп ја укина апликација која им дозволуваше на мигрантите легален влез

Vecer | 20.01.2025

Администрацијата на Трамп ја укина апликација која им дозволуваше на мигрантите легален влез

Администрацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп ја прекина употребата на граничната апликација наречена „CBP One“ која им дозволуваше на мигрантите легално да влезат во Соединетите држави, јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на агенцијата за царини и заштита на границите.

Овој потег го затвора клучниот пат за луѓето кои сакаат да дојдат во САД.

Функционери за домашна безбедност наведоа дека апликацијата помага при уривање на мигрантските премини со обезбедување на уреден начин за аплицирање во Соединетите држави. Со тоа што сега исчезна, и во сила се ограничувањата за азил, границата е ефективно затворена за барателите на азил.

Според Си-Би-Пи (Агенцијата за царини и заштита на границите), постојните состаноци се откажани. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk